| |
Адвокатска Канцеларија - ПЕПЕЉУГОСКИ
Адвокатската канцеларија Пепељугоски е формирана во 1999 година од Д-р Валентин Пепељугоски и за кратко време стана една од најпознатите адвокатски канцеларии во Република Македонија.
Во нашето секојдневно работење ги покриваме сите области на деловното право како: трговско право, договорно право, финансово право, царинско и даночно право, право за заштита на потрошувачите, банкарско право итн.
Канцеларијата е специјализирана за работење во областа на правото на интелектуална сопственост (авторско право и право на индустриска сопственост), нелојална конкуренција, телекомуникации и медиуми.
Адвокатската канцеларија е член на Македонската бизнис асоцијација на адвокати, Македонската асоцијација за интелектуална сопственост, регистриран застапник за индустриска сопственост (бр. 77), Асоцијативен член на Американската асоцијација на адвокати и асоцијативен член на Меѓународната Организација за интелектуална сопственост - INTA препорачана канцеларија на АФМА итн.
Канцеларијата обезбедува правна, административна, прекршочна и цивилна заштита пред судовите и административните органи во Македонија, и соработува со познати адвокатски канцеларии од Европа и светот.
За потполност на правните услуги што ги нуди, канцеларијата има постојана соработка со нотари, извршители, приватни катастри, како и судски преведувачи од сите светски јазици.
|
| |