| |English version| |Вработени| |Општи информации за Канцеларијата| |Контакт| |
ВАЛЕНТИН ПЕПЕЉУГОСКИ - Сопственик/Адвокат.....Роден на 1 септември 1962 година во Прилеп. Оженет, татко на едно дете. Правен факултет завршил на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во 1985 година. Правосуден испит положил во 1987 година. Магистрирал во 1991 година на Правниот факултет во Скопје, на тема: "Монополизмот и неговата регулатива во светот и во нашата земја". Пред одбрана е докторска дисертација на Правниот факултет во Скопје. Испит за застапници од индустриска сопственост положил во 1998 година. Вработувања: -Адвокат, од 15.10.1999 година -Помошник директор на Заводот за заштита на индустриската сопственост на Република Македонија од март 1994 година до 14.10.1999 година. -Помошник министер за развој на Република Македонија од јули 1993 до февруари 1994 година. -Стручен соработник во Стопанскиот суд на Македонија од јануари 1991 до јуни 1993 година. -Стручен соработник во Републичкиот општествен првобранител на самоуправувањето од 1986 до декември 1990 година. Области со кои се бави: Статусно право на трговски друштва, инвестиции, стечајно право, облигационо право, трговско право, потрошувачко право, право на индустриска сопственост, авторско право, царинско право, семејно право, наследно право, даночно право, трудово право и застапување пред судовите и органите на управата. Зборува одлично англиски, бугарски, српски, хрватски а се служи и со германски јазик. e-mail: vpepelju@unet.com.mk |
МАЈА ДРАКУЛОВСКА - Адвокат.....Родена во Скопје на 04.02.1977 година. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1999 година како најдобар студент во генерацијата. Положила Испит за застапеници од индустриската сопственост во 2000 година а Правосуден испит во 2001 година. Работи како адвокатски приправник во периодот 1999-2001 година, а во Адвокатската канцеларија ПЕПЕЉУГОСКИ е од август 2001 година. Од 21.03.2002 година е адвокат. Области со кои се бави: Облигационо право, трговско право, право на индустриска сопственост, авторско право, царинско право, семејно право, наследно право, даноцно право, трудово право, и застапување пред судовите и органите на управата. Зборува одлично руски, англиски и српски јазик. e-mail: mdrakulovska@yahoo.com |
АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ - Адвокат.....Роден во Скопје на 21.04.1972 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1998 година. Правосуден испит положил во 2001 година. Испит за застапеници од индустриската сопственост положил во 2001 година. Работи најпрво како адвокатски приправник од 2000 година а потоа и како стручен соработник во Адвокатската канцеларија ПЕПЕЉУГОСКИ. Од 21.03.2002 година е адвокат. Области со кои се бави: Статусно право на трговски друштва и невладини организации, инвестиционо право, облигационо право, трговско право, право на индустриска сопственост, семејно право, наследно право, даночно паво, трудово право и застапување пред судовите и органите на управата. Зборува одлично англиски и српски јазик. e-mail: atrajkovski@mail.net.mk |
ИРЕНА МРЦКАЛОВСКА - Стручен соработник.....Родена во Скопје во 1976 година. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 1998 година. Правосуден испит положила во 2001 година. Работела како адвокатски приправник, а од Ноември 2001 година е во Адвокатската канцеларија ПЕПЕЉУГОСКИ, како стручен соработник. Области со кои се бави: Право на индустриска сопственост, статусно право на трговски друштва и невладини организации, трудово право и застапување пред судовите и органите на управата. Зборува бугарски, српски, хрватски и англиски јазик а се служи и со германски јазик. |
ЈАНА ДУКОВСКА - Стручен соработник.....Родена во Скопје на 08.09.1976 година. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје во 2000 година. По дипломирањето е во работен однос како дипломиран правник во "Манакифилм" доо Скопје. Магистрирала на Државниот универзитет во Атина Грција (Master degree in South-Eastern European Studies) во учебната 2001/2002 година. Во адвокатската канцеларија ПЕПЕЉУГОСКИ е од 2001 година како стручен соработник - приправник. Области со кои се бави: Право на индустриската сопственост и авторско право. Зборува одлично англиски и српски јазик а се служи со француски и италијански јазик. Ко-основач е и член на клубот МЕНСА - МАКЕДОНИЈА, организација на лица со натпросечна интелегенција и член е на подмладокот на ROTARY клубот. e-mail: dukac@unet.com.mk |
| Designed by UNet team |