| |
| Адвокати и стручни соработници |
| |
Тимот на Адвокатска Канцеларија Пепељугоски е составен од 8 адвокати, 3 приправници и 1 волонтер.
Д-р Валентин Пепељугоски е основач на канцеларијата и адвокат.
Александар Трајковски, Дејан Стојаноски, Јана Дуковска Деспотовска, Соња Пешевска, Ива Трифуновска, Светлана Нечева и Горан Ѓорѓиевски се адвокати. Приправници се Снежана Крстевска, Гоце Димитровски и Марија Блажевска, Волонтер е Памела Вељаноска. |
| |
 |
| |
Д-р Валентин ПЕПЕЉУГОСКИ
Сопственик / Адвокат |
| |
Роден на 1 септември 1962 во Прилеп, Република Македонија. Во 1985 година дипломира на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; Положен правосуден испит во 1987 година. Магистратура во 1991 година на Правниот факултет во Скопје на тема „Монополизмот и неговата регулатива во светот и во нашата земја“. Во 2003 година докторат на Правниот факултет во Скопје, на тема: „Заштита на правата од индустриска сопственост од нелојална конкуренција во споредбеното право и во правото на Република Македонија. Во 1998 година положен професионалниот испит за Застапници за заштита на правата од индустриска сопственост. Вонреден професор на Факултетот за општествени науки – ФОН и Факултетот на Југоисточна Европа – Тетово. На Правниот факултет во Скопје држи предавања на студенти во рамките на практичната настава од областа на индустриската сопственост.
Бил помошник директор на Заводот за заштита на индустриска сопственост од 1994, помошник министер за развој на Република Македонија од јули 1993 до февруари 1994, стручен соработник во Стопанскиот суд на Македонија од јануари 1991 до јуни 1993, советник во јавното правобранителство од 1986 до 1990.
Забележително е учество на многу семинари, конференции, симпозиуми, а член е на Македонските комисии и експертски групи во билатералните состаноци со Европската унија и САД во врска со заштитата на интелектуалната сопственост во РМ, член е на македонската комисија што работела на меморандумот на РМ за влез во Светска трговска организација, член на македонската асоцијација за заштита на индустриска сопственост, член на Адвокатската комора на македонија, член на здружението на правници од областа на стопанството, придружен член на меѓународната асоцијација за трговски марки (INTA), придружен член на Американската адвокатска комора, награден е од Белгиската комора на пронајдувачи во 1997г., член бил на Комисијата за заштита на конкуренција во 2005г., во 2005г. член бил и на Владината комисија за медијација во областа на авторското право и сродните права, во март 2005г. избран е за визитинг професор на Факултетот за општествени науки Скопје и визитинг професор на Факултетот за наука и технологија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Автор односно коавтор на следните публикации:
- Заштита на индустриската сопственост, 1996 година
- Збирка на прописи од авторското право и сродните права, 1997 година
- Збирка на прописи од културата, 1998 година
- Заштита на топографијата на интегралните кола, 1999 година
- Правна регулатива за заштита на потрошувачите во Република Македонија (со компаративен приказ во ЕУ и САД), 2000 година
- Правна регулатива за заштита на потрошувачите во Република Македонија, 2000 година
Има објавено преку 50 стручни и научни трудови од областа на монополизмот, нелојалната конкуренција, заштитата на потрошувачите и заштита на интелектуалната сопственост (авторско право и индустриска сопстеност) во Република Македонија и странство (Бугарија, Хрватска, САД, ЕУ, Велика Британија и сл.).
Посебна спеијалност: граѓанско право, право на ЕУ, правото на интелектуална сопственост и конкурентското право (против монополско право и нелојална конкуренција). |
| |