|English version|                                                                          |Вработени| |Општи информации за Канцеларијата| |Контакт|
Designed by UNet team
_____ Општи информации за Адвокатската канцеларија ПЕПЕЉУГОСКИ _____


Адвокатската канцеларија ПЕПЕЉУГОСКИ е основана 1999 година од страна на М-р Валентин Пепељугоски и за мошне краток временски период се издигнува во една од најпознатите адвокатски канцеларии во Република Македонија.

Во канцеларијата се вработени: 3 адвокати, 1 стручен соработник со положен правосуден испит и 1 стручен соработник - приправник. Адвокати се: М-р Валентин Пепељугоски, Маја Дракуловска и Александар Трајковски. Стручен соработник со положен правосуден испит е Ирена Мрцкаловска, а стручен соработник - приправник е Јана Дуковска.

Адвокатската канцеларија е член на Здружението на правниците од стопанството во Република Македонија. Здружението на застапниците од индустриската сопственост и регистриран застапник кај бирото за заштита на индустриската сопственост (Рег.бр. 77), Асоцијативен член на Меѓународната асоцијација за трговски марки (ИНТА).

Канцеларијата се бави со сите области на трговското право, како што се: статусно право на трговски друштва, облигационо право, финансиско право, царинско и даночно право, потрошувачко право, банкарско право инвестиции и сл. Потесна специјалност на канцеларијата е правото на интелекруална сопственост (авторско право и индустриска сопственост). Истовремено канцеларијата се бави и со сите области на граѓанското право (семејно право, наследно право, сопственички односи и сл.).

Канцеларијата пружа судска, управна, кривична и граѓанска заштита пред судовите и органите на управата во Република Македонија, а соработува и со познати адвокатски канцеларии во Европа и светот.

Канцеларијата застапувала и застапува најпознати фирми од Македонија како што се Тутунски комбинат Скопје, Лотарија на Македонија, Пивара Скопје, Алкалоид Скопје, Македонија табак 2000 Скопје, Дневник (Круг) Скопје, Макпетрол Скопје, СЕАФ Македонија, Совет за радиодифузија на Македонија и многу други.

Канцеларијата застапувала или застапува и многу познати фирми од Словенија, Хрватска, Бугарија, Англија, САД, Италија, Франција, Германија, како што се: Реемстма, Тобачна Љубљана, Колинска Љубљана, Балканфарма и Софифарма од Софија, Гавриловиќ, Виндија од Вапаждин, Подравка, БСА, ИМГ, Луј Берже, Мајкрософт, Адобе, Макромедиа, Аутодеск, Форд моделс, Крафт Јакобс и многу други.

Канцеларијата е надворешен советник и на многу невладини и владини странски организации кои биле или се присутни во Република Македонија.

Преку својот основач М-р Валентин Пепељугоски канцеларијата дала и дава свој придонес преку членување во повеќе македонски комисии и експертски групи на Владата на Република Македонија на многу билатерални состаноци со земји членки на ЕФТА, Европска унија, САД и други земји, покривајќи го делот што се однесува на интелектуалната сопственост (авторско право и индустриска сопственост) во Република Македонија.

Валентин Пепељугоски работел на подготовка на Меморандумот на Република Македонија за пристапување кон Светската организација и е втор на делот што се однесува на правата од индустриска сопственост. Членство во тимот за преговори за пристапување кон СТО од 2001 година, за делот на интелектуалната сопственост.

За своите активности на полето на промоција на индустриската сопственост, и поттикнувањето на иноваторството, Валентин Пепељугоски е одликуван од страна на Белгиската комора на пронаоѓачи во 1997 година.

Валентин Пепељугоски е автор односно коавтор на следните публикации:
  -Пепељугоски В.,Ќурчинска Пепељугоска Т.: Превод на македонски јазик на Римскиот договор за основање на Европската заедница, "Макпетрол" Скопје 1994 година.
  -Пепељугоски В.: Заштита на индустриската сопственост, "Академик" Скопје 1996 година.
  -Пепељугоски В.: Збирка на прописи од авторското право и сродните права, "Службен весник на РМ" Скопје 1997 година.
  -Дабовиќ Анастасовска Ј Пепељугоски В.: Збирка на прописи од културата, "Патент центар" Скопје 1998 година.
  -Филипов Ѓ. Пепељугоски В.: Заштита на топографијата на интегралните кола. "Завод за заштита на индустриската сопственост" Скопје 1999 година.
  -Дабовиќ Анастасовска Ј. Лончар Велкова М. Пепељугоски В.: Правна регулатива за заштита на потрошувачите во Република Македонија (со компаративен приказ во ЕУ и САД), "Организација на потрошуваците на Македонија" Скопје 2000 година.
  -Дабовиќ Анастатовска Ј. Лончар Велкова М. Пепељуговски В.: Правна регулатива за заштита на потрошувачите во Република Македонија (на англиски јазик), "Организација на потрошувачите на Македонија" Скопје 2000 година.
  -Валентин Пепељугоски има објавено преку 50 стручни и научни трудови од областа на монополизмот, нелојалната конкуренција, заштита на потрошувачите и заштита на интелектуалната сопственост (авторско право и индустриска сопственост) во Република Македонија и странство (Бугарија, Хрватска, САД, ЕУ, Велика Британија и сл.).


Валентин Пепељугоски е уредник на рубриката "Интелектуална сопственост" во списанието "Правник" и одговорен уредник на службеното гласило на Заводот за заштита на индустриската сопственост од 1994-1999 година. Член бил на уредувачкиот одбор на часописот "Право и менаџмент на интелектуалната сопственост", 2000 година.

Валентин Пепељугоски е член на Комисијата за полагање на испитот за застапници во областа на индустриската сопственост на Република Македонија, во 4 мандати, во периодот од 1994-2002.

Валентин Пепељугоски е член на правниот совет на Организацијата на потрошувачите на Република Македонија, од основањето до ден денес.

Канцеларијата учествувала во повеќе проекти од областа на интелектуалната сопственост, заштитата на потрошувачите, нелојалната конкуренција, монополизмот, концесиите, хармонизацијата на македонското со европското право и сл.

Членови на канцеларијата учествувале на многу домашни и меѓународни семинари, симпозиуми, и студиски престои, од кои посебно ги издвојуваме:
  -Хашка академија за меѓународно право (меѓународно приватно право), во 1990 и 1991 година.
  -Интеруниверзитетски центар во Дубровник (Приватизација во земјите на Централна и источна Европа) во 1991 година.
  -Во рамките на РИП програмата и Академијата на Европската патентна организација на семинари од областа на патентите, жиговите, и менаџмент за линиски менаџери.
  -Меѓународна асоцијација за жигови ИНТА во САД, Годижни конференции во 1995, 1996, 2000, 2001 и 2002 година.
  -Состаноци на Светскта организација за интелектуална сопственост, на Комитетот за експерти за жигови и индустриски дизајн.
  -CFED - УСАИД проект за имплементација на заложното право во 1998 година.
  -Салзбуршкиот семинар во 1995 година на тема "Интелектуална сопственост", на препорака на американскиот културен центар во Скопје.
  -9-ти симпозиум на Европските патентни судии, Мадрид 6-ти до 9-ти октомври 1998 година.
  -"Патинова" во 1997 во Биена, Австрија и "Патинова" 1999 на Халкидики Грција.
  -Конфекција за медијација, WIPO, Женева март 29, 1996 година.
  -Студиски престој во Американскиот Завод за патенти и жигови, мај 2002.


Валентин Пепељугоски беше член на тимот за подготовка на измените и дополнувањата на Законот за индустриската сопственост.

На повик на Правниот факултет во Скопје во канцеларијата се одржува применета настава по граѓанско право и право на индустриската сопственост.

Од светските јазици членови на канцејаријата пишуваат и зборуваат течно англиски, руски, бугарски, српски и хрватски јазик и се служат (зборуваат слабо) со германски, француски и италијански јазик.

Постојан судски преведувач од англиски на македонски јазик и од српски на македонски јазик и обратно во канцеларијатае Татјана Ќурчинска Пепељугоска. Канцеларијата по потреба ангажира и други судски преведувачи.

Адвокатската канцеларија, по потреба соработува со еминентни професори од Правниот факултет во Скопје и нотари. Преку својата мрежа на партнерски канцеларии, канцеларијата пружа адвокатски услуги и во странство.